Фото: EPA/Enric Fontcuberta

ВИДЕО | Победа на Барселона во сенка на повредата на Ламин Јамал

Фудбалерите на Барселона ја победија Селта со 1:0 во 33 коло од Ла ЛИга, но по овој натпревар, фокусот е на повредата на една од ѕвездите на каталонскиот клуб, Ламин Јамал.

Стрелец на единствениот гол за Барселона беше токму шпанскиот репрезентативец Јамал, кој во таа прилика, по пенал на крајот од првото полувреме, се повреди и, според првичните проценки, ја повреди тетивата.

Бројни извори пишуваат дека го скинал мускулот на тетивата и, според првичните информации, оваа сезона е завршена за 18-годишниот играч ​​и сега тоа е проблем не само за Барса, туку и за цела Шпанија која е учесник Светското првенство годинава.

Барселона против Селта постигна уште еден гол во второто полувреме преку Торес, но истиот по ВАР снимката беше поништен поради офсајд.

Барселона е моментно на првото место на табелата во шпанското првенство со 82 бодови, девет повеќе од второпласираниот Реал Мадрид. Села Виго е на седмата позиција со 44 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот