ВИДЕО | ПИЛОТ ИМ СЕ ЗАКАНИЛ НА ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА ТРАМП: Ќе го спуштам авионот среде Канзас и ќе ги оставиме луѓето, не ми е гајле

Фото: Принтскрин

Два дена откако приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во Конгресот на САД и создадоа хаос, што резултираше со пет мртви, многу повредени и над 60 уапсени, се појави видео од авион во кој патувале и приврзаниците на Трамп.

Поради нивното однесување во текот на летот, се огласил пилотот, нагласувајќи дека ќе ги остави среде Канзас доколку не почнат да се однесуваат како што треба.

Авионот на „Американ ерлајнс“ бил полн со приврзаници на Трамп и летал од Вашингтон до Феникс во петокот, на 8 јануари.

Патниците скандирале, а многумина, наводно, не носеле ниту маски. Пилотот побарал да се однесуваат како што треба, или ќе останат илјадници милји далеку од дома, пишува Унилад.

На социјалните мрежи беше објавена снимка од пораката на капетанот. Се разбира, приврзаниците на Трамп не биле задоволни.

– Вака ќе биде … летот трае четири и пол часа до Феникс. Ќе го спуштиме овој авион среде Канзас и ќе ги истовариме луѓето – не ми е гајле. Ако е потребно, ќе го сториме тоа! Затоа однесувајте се како што треба, ве молам – вели пилотот на снимката. 

Компанијата „Американ ерлајнс“ застана во одбрана на својот пилот, а портпаролот за „Њујорк пост“ рече дека пилотот „ја нагласил важноста да се почитуваат упатствата дадени од членовите на екипажот и да се почитуваат задолжителните правила за покривање на лицето со маска“.

„Во „Американ Ерлајнс“сериозно ја сфаќаме безбедноста на нашите патници и ја цениме довербата што ја даваат во нашиот тим за тие да се грижат за нив во текот на целиот пат“, додаваат од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот