ВИДЕО: Пикси со победа дебитираше на клупата на Србија, Словенците ја изненадија Хрватска

epa09094789 Serbia?s Dusan Vlahovic (C) celebrates with teammates after scoring the equalizer during the FIFA World Cup 2022 qualification match between Serbia and Ireland in Belgrade, Serbia, 24 March 2021. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Драган Стојковиќ Пикси со победа над Ирска дебитираше на клупата на Србија. Нашиот северен сосед со 3:2 ја совлада Ирска на стартот од квалификациите за пласман на СП 2022 година кое ќе се игра во Катар. Натпреварот започна со студен туш за Пикси и неговите фудбалери, бидејќи Браун во 18. минута и донесе водство на Ирска.

Но, тоа што Стојковиќ го најавуваше, офанзивна игра, се оствари и во 40. минута преку Влаховиќ, Србија израмни на 1:1.
Во вториот дел, Митровиќ за шест минути, во 69. и 75. минута со два гола ја најави победата. Ирците до крајот на натпреварот успеаја само да го ублажат поразот и тоа преку Колинс во 86. минута.


Репрезентацијата на Словенија приреди изненадување на стартот од квалификациите и со 1:0 ја совлада Хрватска. Стрелец на единствениот гол беше Ловриќ во 15. минута.


Актуелниот светски шампион, Франција дожива непријатно изненадување на „Стад Франс“ играјќи само 1:1 против Украина. Антоан Гризман со прекрасен гол ја донесе Франција во водство, но во второто полувреме, во 57. минута Кимпемпе ја смести топката во сопствената мрежа.


Победа на стартот од квалификациите остварија фаворитите Белгија која со 3:1 го совлада Велс, како и европскиот шампион Португалија кој 1:0 го совлада Азербејџан.

Резултати

Група А
Португалија – Азербејџан 1:0
Србија – Ирска 3:2

Група Д
Франција – Украина 1:1
Финска – БиХ 2:2

Група Е
Естонија – Чешка 2:6
Белгија – Велс 3:1

Група Г
Турција – Холандија 4:2
Летонија – Црна Гора 1:2
Гибралтар – Норвешка 0:3

Група Х
Малта – Русија 1:3
Словенија – Хрватска 1:0
Кипар – Словачка 0:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот