ВИДЕО | Пијан возач покоси семејство во Белград, загинаа татко, мајка и дете
Во страотна сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во Нов Белград, загинаа три лица.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На раскрсницата на улиците „Хероја са Кошаре“ и „Омладински бригади“, загинаа мајката Д.К. (1987), таткото Б.Ж. (1982), кој беше сообраќаен полицаец, и нивното дете Ж.М. (2016), објавува Нова.рс.
View this post on Instagram
Според првичните информации од истрагата, трагедијата ја предизвикал Никола Ѓ., 24-годишен државјанин на Босна и Херцеговина. Возејќи Ауди со босанско-херцеговски регистарски таблички, тој поминал на црвено светло со голема брзина и удрил директно во возилото во кое било семејството. Со него во автомобилот имало патник, исто така државјанин на Босна и Херцеговина.
View this post on Instagram
Со алкотест е утврдено дека Никола Ѓ. во моментот на несреќата имал 1,17 промили алкохол во крвта. Нему му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде обвинет за сериозно кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај.
View this post on Instagram
Сите служби за итни случаи веднаш пристигнале на местото на настанот, но и покрај брзата интервенција и напорите на лекарите, семејството за жал не можело да се спаси. Полицијата продолжува со истрагата за да ги утврди сите околности на оваа тешка несреќа.
Сведок на несреќата за Блиц изјавил дека возачот на Аудито поминал на црвено светло и удрил во автомобилот во кој било семејството. „Видов многу работи, но ова е најстрашната работа досега“, вели потресениот сведок.


