ВИДЕО | Пенов: Неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за избор на техничка влада

Ристо Пенов - министер за локална самоуправа / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, во интервју за „Слободен печат“ како неодговорни ги оцени најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласа за избор на техничката влада.

Пенов посочи дека многу малку е потребно да се дојде во ситуација да не се дојде до потребното мнозинство за избор на Влада и на тој начин, според него, да се загрози целиот изборен процес.

„Не може да не гласаат за влада, замислете да не гласа уште некој и техничка влада да не се избере, се доведува во прашање целиот процес на избори. Каква е таа неодговорност? Јас ќе влезам во влада, ама нема да гласам, а вие граѓани гласајте за мене, јас ви мислам добро. Па не мислиш добро, затоа што ако не се гласа за техничка влада, нема избори. Ако ВМРО-ДПМНЕ не ја гласа техничката влада и ако уште три или четири други пратеници не гласаат, ние нема да имаме техничка влада и немаме избори. Тоа е целосно неразмислување за иднината на државата,“ посочи Пенов.

Пенов истакна дека партијата ЛДП од која што и тој доаѓа, ќе ја продолжи соработката со коалицискиот партнер СДСМ.

„Ние сме во коалиција со СДСМ и таа соработка е долга и позитивна, работиме на позитивниот правец на движење на државата и многу проблеми во тој поглед се решени. Тоа се тешки одлуки, непопуларни, но со долгорочни позитивни ефекти за државата, како влезот во НАТО, напредокот кон ЕУ“, заклучи тој.

Целото интервју со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот