ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Пенов: Скршнувањето од патот на интеграцијата во ЕУ носи негативни последици

Ристо Пенов - министер за локална самоуправа / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Владата го забрза процесот на членство во ЕУ, но на тој процес сме сега блокирани токму од ВМРО-ДПМНЕ, партија која не дозволи уставните промени да се случат и да продолжиме на европскиот пат, порача министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, во студиото на „Слободен печат“.

„Видовте на последниот состанок во Брисел во декември, нас не ставија на страна. Кога ќе те стават на страна, за да се вратиш пак на масата не е баш лесно. Но и граѓаните тоа така лесно го отфрлаат не сфаќаат дека скршнувањето од правецот носи големи последици по стандардот по атмосферата во која живееме и на севкупните состојби“, посочи Пенов.

Тој посочи дека заложбата на европскиот фронт е да успее на овие избори и потоа истиот тој фронт да го направи конечниот чекор и нашата држава конечно да ги започне преговорите со ЕУ.

Целото интервју со министерот Ристо Пенов погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот