ВИДЕО | Пејачот Џејсон Деруло приведен откако нападнал двајца мажи кои го нарекувале Ашер

џејсон деруло
Фото: Принтскрин / Instagram

Пејачот на „Savage Love“ Џејсон Деруло се препушти на својата дива страна и беше приведен откако нападна двајца мажи во фоајето на казино во Вегас.

Во вторникот на 4 јануари Деруло нападнал двајца мажи, откако едниот го нарекол Ашер, а другиот му довикал „f-k you bitch“, случувања кои се евидентирани со пар видеа од инцидентот.

Се чини дека видеото го прикажува 32-годишниот пејач како се нафрлува на арогантите мажи кои во одморалиштето и казиното Арија, откако излегува од ескалатор и поминува покрај група момци кои му дофрлуваат, и други кои ги извадиле телефоните за да ја снимат нивната препирка со музичарот на видео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by And That Says What? (@nolabliss504_)

Во снимката објавена на социјалните мрежи се слуша како некој од толпата дофрлува: „Ајо, зошто му удри шлаканица“, а потоа посебен глас извикува „Еј Ашер, кој те е**, кучко!“ во очигледна референца на друг познат изведувач, пејачот Ашер.

Иако може да се чини дека довикувачот можеби навистина мислел дека Деруло е Ашер, иако реално звучи дека се работи за обид за навреда, сепак се чинеше дека го разочара и навреди Деруло.

Тој прескокнал преку безбедносното јаже и наводно го удрил човекот, принудувајќи ги телохранителите и неколку други луѓе во околината да се обидат да интервенираат.

џејсон деруло
Фото: Profimedia

 

Се чини дека видеото покажува како Деруло напаѓа друг маж и се кара со него на земја додека повеќе луѓе се обидуваат да ги растргнат.

Човекот што го снима видеото извикува: „WTF! Не допирајте го моето момче!“ додека се повлекуваше.

Во посебно видео објавено на социјалните мрежи се гледа како Деруло е одведен со лисици на своите раце. Очевидецот кој го снимил ова видеа изјавил дека Деруло не направил ништо за да започне тепачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris (@christian_labare8)

Иако пејачот на „Swalla“ бл врзан со лисици, не е јасно дали Одделот за метрополитенска полиција во Лас Вегас поднел обвинение против него.

Мажите кои биле нападнати, наводно, претрпеле рани на лицето, но не им била потребна хоспитализација, ниту подигнале обвиненија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот