Бебе родено во авион - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Патничка се породила во авион 20 минути пред слетувањето

Патничка на лет од Атланта роди здраво девојче тешко околу 2,5 килограми, само неколку моменти пред авионот да слета на меѓународниот аеродром во Портланд, во сојузната држава Орегон. На породувањето помогнале две медицински лица кои случајно се нашле на летот, користејќи ќебиња од патниците и врвка од чевел за да ја врзат папочната врвца, пренесеува „АП“.

Бебето, кое го добило името Бриел Рене Блер, се родило околу две недели порано од предвиденото, додека авионот бил на околу 20 минути од слетувањето.

Мајката, Ешли Блер од Тенеси, патувала кон Орегон за да биде со својата мајка за време на породувањето, но породувањето започнало порано од очекуваното. Контракциите започнале околу половина час пред пристигнувањето.

Едната од медицинските лица изјавила дека таа и нејзината колешка се враќале од одмор кога биле повикани да помогнат. Претходно веќе асистирале на медицинска сестра околу друг патник, кога стјуардеса ги замолила да ја проверат бремената жена.

Кога пристигнале кај неа, утврдиле дека породувањето е во тек и дека контракциите се зачестуваат. Во авионот имало 153 патници, па дел од нив биле замолени да се поместат за да се обезбеди простор за породување.

Тие побарале медицинска опрема и ќебиња, но бидејќи немало соодветен комплет, морале да се снајдат. Патниците им дале ќебиња, а од екипажот добиле врвка од чевел, која ја искористиле за папочната врвца. Едната од нив дури ја извадила врвката од својот чевел за да ја искористи при интервенцијата.

Додека породувањето било во тек, стјуардесите ги предупредиле дека мора да седнат, бидејќи авионот се подготвувал за слетување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот