ВИДЕО: Партизан знае само победнички по „нотите“ на Филиповски!

Фото: kkpartizan.rs

После заминувањето на црногорскиот стратег Владо Шчепановиќ од тренерската функција на Партизан, повторно се вратија добрите резултати на српскиот кошаркарски клуб.

Македонецот со словенечки пасош, Сашо Филиповски со Боби Митев како асистент реди само победи со белградските „црно-бели“.

Вечерва во „Штарк Арената“ во рамките од шестото коло од Еврокупот со резултат 78:75 го совладаа Хувентуд Бадалона (Шпанија) во чии редови не беше нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Тоа е четврти триумф по ред на Партизан со Филиповски како тренер, уште една победа претходно оствари во Еврокупот против Уникс Казан, а уште две и во АБА лигата над Цибона и Задар.

Во Еврокупот на табелата во групата „А“ води Хувентуд Бадалона (5-2), пред Уникс Казан (5-3), Партизан (4-3)..Во регионалното натпреварување Партизан е на четвртото место (4-3), зад Црвена звезда (7-0), Мега (5-2) и Морнар Бар (5-1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот