ВИДЕО: Партизан против Анортозис се избори за европска пролет

Белградски Партизан е чекор поблиску до осминафиналето на Конференциската лига/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Фудбалерите на Партизан на домашен терен денеска ремизираа со Анортозис во Белград со 1:1 во натпреварот од последното шесто коло во групата „Б“ во Конференциската лига.

„Црно-белите“ со нерешениот резултат против кипарскиот клуб го обезбедија второто место во групата доволно за пласман во 1/16 финалето.

Српската екипа дојде во предност од 20 минута со голот на Миловановиќ, а конечниот епилог го постави Христодулопулос во 33 минута од пенал.

Во оваа група првопласиран заврши Гент кој директно се пласираше во осминафиналето.

Рома славеше во Софија против ЦСКА со 3:2 и го искористи ремито на Бодо Глимт со Зорја (1:1) за да стигне до првото место во групата „Ц“.

Конференциска лига
6. коло, резултати –

Алашкерт – Макаби Тел Авив 1:1
АЗ Алкмаар – Рандерс 1:0
Клуж – Јаблонец 2:0
ЦСКА Софија – Рома 2:3
Зорја – Бодо Глимт 1:1
Гент – Флора 1:0
ЛАСК – ХЈК 3:0
Партизан – Анортозис 1:1

Директно во осминафиналето досега се пласирани ЛАСК, Гент, Рома, АЗ Алкмаар, Феенорд, ФК Копенхаген и Рен, а во плеј-офот од нокаут-фазата или 1/16 финалето се Макаби Тел Авив, Партизан, Бодо Глимт, Рандерс и уште пет екипи (третопласираните во Лига Европа) Спарта Прага, ПСВ Ајндховен, Лестер сити, Фенербахче и Селтик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот