Се урна кат од зграда во Париз/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Париз: Се урна кат од зграда, најмалку 15 лица се повредени

Петтиот кат од станбена зграда во 11-тиот арондисман во Париз се урна преку ноќ врз четвртиот кат од истата зграда, додека околу 50 луѓе беа собрани на забава во стан чиј кат се урна, при што 15 од нив се повредени, соопшти противпожарната бригада во француската престолнина, пренесува телевизијата БФМ.

„Според најновите информации од противпожарната служба, 14 лица се во сериозна, но стабилна состојба, а едно лице е во критична состојба. Второто е пренесено во болница“, изјави канцеларијата на парискиот обвинител за АФП во недела наутро.

Првичниот извештај покажа дека едно лице е тешко повредено, а 19 со полесни повреди, од кои 16 се однесени во болница. Другите станари на зградата се неповредени.

Пожарникарите ги извлекоа сите повредени од урнатините, од кои 16 беа однесени во болница од службите за итни случаи.

Пожарникарите беа известени во 00:20 часот дека петтиот кат од шесткатна зграда, на адреса Амело 34, се урна врз четвртиот кат.

Зградата потоа е евакуирана, заедно со две соседни згради, но жителите на двете соседни згради се вратија во своите станови во текот на ноќта.

Во операцијата учествуваа 125 пожарникари и околу четириесет возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот