ВИДЕО | Парис Хилтон проговори за последиците откако јавноста го виде нејзиното интимно видео: „Се криев дома“
Парис Хилтон во најновото интервју отворено зборуваше за долготрајните последици што ги оставил скандалот кога во јавноста излезе нејзиното интимно видео, кое без дозвола беше објавено во 2004 година. Тогаш таа имала само 19 години, додека нејзиниот тогашен дечко Рик Саломон имал 35.
Препорачано
Снимката на Парис Хилтон доспеала во јавноста откако Саломон наводно ја продал, а подоцна почнала да кружи под насловот „Една ноќ во Париз“.
По објавувањето, Хилтон била изложена на потсмев во медиумите и јавноста, а години подоцна повеќепати зборувала за тоа колку тој настан ѝ го променил животот.
Парис која денес има 44 години, гостуваше во поткастот на Џеј Шети, објавен во средата, на 21 јануари, каде подетално раскажа како се чувствувала во тој период. Таа признала дека се плашела оти луѓето никогаш повеќе нема да ја гледаат на ист начин.
„Додека растев, секогаш се угледував на луѓе како принцезата Дијана и Грејс Кели, неверојатно елегантни жени. А кога се случи тоа, имав чувство дека некој ми го одзеде тоа и дека луѓето никогаш повеќе нема да ме гледаат исто. Ми се чинеше дека тоа ќе ме следи до крајот на животот. Толку ми е жал за таа девојка што се чувствуваше толку осамено. По сè што се случи, не сакав да се гледам со никого, се криев дома и ја откажав целата промотивна турнеја за ’The Simple Life‘“.
Хилтон исто така изјави дека никогаш целосно нема да закрепне.
„Денес тоа би било нелегално“
Во разговор за „Сандеј тајмс“ таа изјавила:
„Денес тоа би било противзаконски. Луѓето конечно сфаќаат колку тоа било погрешно. Искрено, беше исцелувачки кога некој ќе кажеше: ’Парис тогаш беше тинејџерка и ја искористил постар маж‘“.


