ВИДЕО | Пандев: Целта на Брера е шампионска титула во идните сезони и да играме во Европа

Фудбалскиот клуб Брера Струмица отвори Фан Шоп/фото: brerastrumica.com

Во присуство на голем број граѓани, љубители на фудбалот, симпатизери и навивачи се отвори првиот Фан Шоп на фудбалскиот клуб Брера каде може секој посетител да набави брендирани дресови, јакни, маици, шалови, приврзоци, шолји, пенкала, како и многу други предмети со логото на Брера.

На отворањето присуствуваше и претседателот на клубот Горан Пандев кој посвети време на сите присутни, фотографирајќи се и делејќи автограм.

Поранешниот македонски репрезентативец кажа дека луѓето од Управата на ФК Брера Струмица се амбициозни, со отворањето на фан продавницата сакаат да направат поврзување со заедницата.

– Отвораме свој Фан Шоп и ова треба да биде поттик не само за нашиот, туку и за останатите клубови во земјава бидејќи во европскиот ова е секојдневие. Овде на сите љубители на фудбалот, навивачи на ФК Брера ќе им се овозможи да си купат нешто од нашиот клуб и се надеваме и на добри резултати, бидејќи без добри резултати ќе нема мотивација и кај навивачите – вели Пандев.

Продавницата со брендирани артикли со логото на Брера се наоѓа на струмичкиот плоштад во строгиот центар на Струмица кај Стоковната. Пандев подвлече дека полека, но сигурно клубот чекори во вистинскиот правец. Фокус се дава на првиот тим кој треба да биде двигател со резултатите на задоволство на заедницата.

– Чекориме по вистинскиот пат на организациски план. Сигурно дека како што кажав резултатите на првиот тим се најважни. Со максимално залагање со маскимален пристап со професионален однос ќе ги достигнеме резултатите. Наша цел е освојуање на шампионска титула во идните сезони. Тоа не го криеме. Луѓето што го водат клубот од Америка целат на европски успех, бидејки ако не играме во Европа сè е залудно. Тоа е целта, да играме во Еропа и максимално залгање за да котираме високо. Се трудиме освен за првиот тим, да вложуваме и во младинските погони кои се нашиот најголем бренд и од нив црпиме за првиот тим. Со професионален однос ќе го извлечеме максимумот и ќе бидеме среќни што Струмица ќе игра во европските купови – се зборовите на Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот