ВИДЕО | Палмер обезбеди три бода за Челси против Фулам

Фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Во рамките од 21. коло во Премиер лигата во терминот од 13:30 часот Челси успеа да слави минимална победа против Фулам со 1:0.

Човек на одлука беше Палмер кој во судиското продолжение од првиот дел ја реализираше најстрогата казна која ја изнуди Рахим Стерлинг.

Со овој триумф Челси успеа да врзе три победи во низа откако во претходните две кола избраниците на Покетино беа подобри од Кристал Палас и Лутон. Во овој момент „сините“ се на осмата позиција со 31 освоен бод, додека Фулам е 13-ти со 24 освоени бодови.

Веќе во следното коло Челси го очекува тежок испид против лидерот во Премиер лигата, Ливерпул и тоа на гостински терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот