ВИДЕО | Оваа серија во моментот е најпопуларна на „Netflix“, со 78 милиони часа гледаност во една недела

Фото: Принтскрин/ Нетфликс/Јутјуб

„Netflix“ неодамна објави нови официјални податоци за гледаноста на нивните содржини.

Така, првото место кога станува збор за сериите, го зазеде четвртата сезона на серијата „Manifest“ со гледаност од 78 милиони часа во изминатата недела. Иако првиот дел од четвртата сезона излезе уште во ноември минатата година, вториот дел мораше да се чека сè до 2 јуни.

Иако серијата беше изворно во продукција на „Ен-би-си“, оваа платформа ја откажа во 2021 година по третата сезона, бидејќи не ги исполнила очекувањата кога станува збор за гледаноста. Но, „Netflix“ ги презеде првите три сезони и таа стекна голема популарност, по што беше одлучено да се сними и четвртата сезона. Ова воедно е и последна сезона.

Станува збор за научно-фантастична драма во која авион мистериозно исчезнува на 5 години, но потоа безбедно слетува како ништо да не се случило. Патниците кои биле во авионот доживуваат необични бизарни ситуации кои не можат да ги објаснат.

На второ место на најпопуларни серии, се наоѓа четвртата сезона на „Never Have I Ever“, која има околу 76 милиони часа гледаност. По неа следат сериите „FUBAR“, „Arnold: Limited Series“, првата сезона на „Manifest“, „The Ultimatum: Queer Love“, „Queen Charlotte: A Bridgerton Story“, „XO, Kitty“, „All American“ и „S.W.A.T.“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот