ВИДЕО | Оваа „Божикна серенада“ ќе ве врати назад во времето: Радувајте се, веселете се, делете љубов, бидете милостиви!

божикна серенада
Божикна серенада / Фото: Принтскрин Јутјуб

Традиционално, шеста година по ред за еден од најголемите христијански празници, македонската јавност доби вистински подарок од Бигорскиот манастир и Бадниковите поворки.

 „Божикна серенада” ќе ве врати назад во времето и ќе ви ја стопли душата

 

„Овој видеозапис ја оживува серенадата преку една прекрасна божикна песна којашто на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ. Низ една филмска приказна нè враќа во минатото на Битола, градот кој ја има серенадата како дел од својата културна традиција“, велат од Здружението за возобновување на православните традиции.

Прекрасната Божикната серенада се пеела од возрасните коледари кои оделе од куќа до куќа, весело повикувајќи ги домаќините да одат во црква, да се прослави раѓањето на Христос.

„Радувајте се, веселете се, делете љубов, бидете милостиви. Христос се роди“, честитаа од Здружението.

Влатко Лозаноски, Никола Перевски Пере од „Нокаут“, Стефан Филиповски од „Некст тајм“ и Димитар Андоновски заедно со актерите Никола Стефанов, Соња Михајлова, Благица Пупуноска, Митко С. Апостоловски и Ања Сливоски како и ученици од КУД „Илинден“ Битола и многу други статисти покажаа и докажаа дека имаме со што да се гордееме како народ.

За музиката се погрижија Страшо Темков на флејта, Петар Христов на кларинет, Александар Тасевски на фагот, Иван Еминовиќ на клавијатури, Весна Станоевска Миќиќ на харфа, Тимко Чичаковски на  канон, Антоние Весковски на перкусии, Владимир Цветковски на виолина, Гоце Вангеловски на виолина, Владимир Димовски на виола, Кирил Јосифов на виолончело и Митко Иванов на контрабас.

Уживајте:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот