ВИДЕО: Открил дека жената го изневерува и не носи негово дете, па решил да и се одмазди на самата венчавка

Еден Мексиканец одлучил да и се освети на својата жена истиот ден кога се венчале…

На младоженецот му било сомнително тоа што сопругата повеќе пати пред денот на венчавката му кажала дека е во 4-от месец од бременоста кога тој иако не се разбирал дури со голо око забележал дека стомакот и е далеку поголем отколку што реално може да биде доколку е во тој период од бременоста.

Затоа ги направил неопходните проверки, побарал потврда и од гинекологот за бременоста на тогашната вереница, како и некои снимки од местата каде била таа, а кои му биле сомнителни и тогаш се му станало јасно.

Токму затоа го сочекал денот на венчаката со цел да ја понижи пред сите, особено пред нејзините родители кои отсекогаш тврделе дека таа заслужува подобар од него.

„Овој човек покрај мене е мојот адвокат и тој преку лаптопот ќе ви пушти една снимка. Мојата новопечена сопруга тврди дека е во 4-от месец од бременоста, но јас не седев со скрстени раце и проверив се. Таа е во шестиот месец од бременоста, а еве и докази кој е татко на детето. Како што можете да видите, тоа не сум јас, туку овој човек кој седи близу нас, нашиот кум. На снимката се гледа како тие се тушираат заедно“, гласно раскажал младоженецот.

„Одбивам да продолжам со овој брак. Одам дома, а со тебе куме, дополнително ќе разговарам“, изјави културно младоженецот кој веднаш беше нападнат од сите од семејството на невестата.

Додека таа се обидуваше да се држи до него и да го убеди дека сето тоа си го замислил, мажот продолжи по својот пат, а зад него започна тепачка меѓу членовите на двете фамилии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот