Фото: Screenshot

ВИДЕО: Освои медал на Олимписките игри, па пред цел свет призна дека ја изневерил девојката

Норвешкиот биатлонец Стурла Холм Легрејд го освои бронзениот медал на трката на 20 километри на Зимските олимписки игри, но вниманието на јавноста го привлече со неочекувано лично признание по завршувањето на настапот.

Наместо да зборува исклучиво за спортскиот успех, Легрејд реши јавно да проговори за приватната страна од својот живот, откривајќи дека направил сериозна грешка во љубовната врска. Тој призна дека бил неверен кон својата партнерка и дека искрено се кае за постапката.

„Имаше една личност со која сакав да го споделам сето ова, иако знам дека веројатно не го гледа. Пред половина година ја запознав жената што ја сметав за љубов на мојот живот, а неколку месеци подоцна донесов погрешна одлука и ја изневерив. Морав да ѝ ја кажам вистината и тоа беше најтешкиот период низ кој сум поминал“, изјави норвешкиот биатлонец.

Неговата искреност предизвика бројни реакции во јавноста, а дел од навивачите ја поздравија храброста да се зборува отворено и за слабостите, дури и во моменти на голем спортски успех

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот