ВИДЕО | Осум месеци по породувањето: Партнерката на Милош Биковиќ изгледа неверојатно во бикини
Српскиот актер Милош Биковиќ (36) и неговата партнерка Ивана Малиќ (27) станаа родители на синот Василије во јануари годинава и се остварија во една од најубавите животни улоги. Осум месеци подоцна, убавата Црногорка ги воодушеви своите следбеници со својата завидна фигура.
Препорачано
Малиќ е активна на социјалните мрежи, каде неретко споделува моменти од нејзиниот семеен живот, но сега објави видео од себеси на кое е облечена во црнобело бикини и носи наметка во истите бои.
„Јули“, напиша кратко таа и додаде емотикон кој симболизира тропско цвеќе.
Многумина останаа воодушевени од тоа како изгледа по породувањето и ѝ упатија бројни комплименти на нејзина сметка.
Да потсетиме, Милош Биковиќ и Ивана Малиќ се во романтична врска речиси три години.
Актерот за првпат ја претстави својата избраничка пред јавноста на премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“ („Јужни ветар 2: Убрзање“) во 2021 година.
Оттогаш тие беа на неколку патувања – од уживање на прекрасните плажи на Малдиви до скијање на француските Алпи.
ФОТО | „Некои важни работи“: Милош Биковиќ ја објави првата фотографија со синот Василије


