Фото: EPA/ERIK S. LESSER

ВИДЕО | Орландо и Феникс ќе играат во НБА плеј-офот

Кошаркарите на Феникс санс го победија Голден стејт со 111:96 и обезбедија место во плеј-офот на НБА лигата. Санс во плејофот ќе се соочат со првопласираниот Оклахома сити на Западот.

Победничкиот тим на Феникс го предводеше Џејлен Грин, кој беше играч на натпреварот со 36 поени, а Девин Букер додаде 20 поени.

Стеф Кари постигна 17 поени за Голден стејт и погоди само четири од 16 шута од игра.

Составот на Орландо меџик го декласираа Шарлот хорнетс со 121:90, а најдобар поединец на мечот беше Паоло Банкеро, кој постигна 25 поени со пет скока и шест асистенции, по што следуваше Франц Вагнер со 18 поени.

На другата страна во тимот на Шарлот, Ламело Бол постигна 23 поени, но со прилично слаб процент на шут.

По оваа победа, Орландо ќе го продолжи натпреварувањето во плејофот како осмопласирана екипа во Источната конференција, каде што ќе се соочи со првопласираниот Детроит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот