Фото: Renato Fernandes/Pixabay

ВИДЕО | Омиленото предјадење на новогодишната трпеза: Брза салата што ќе ја снема и пред руската!

Оброк-салата која е совршено предјадење за новогодишната трпеза, а се приготвува за 30 минути.

Состојки:

– 7 парчиња потпечен леб
– 3 чешниња лук
– сол, бибер, црвен пипер
– 500 г пилешко филе
– 250 г пченка
– врзоп свеж магдонос
– 6 кисели краставички
– 2 тврдо варени јајца
– пола главица виолетов кромид
– 150 г мајонез

Подготовка:

На 30 до 40 мл масло, испржете или испечете коцки леб. Додајте неколку чешниња лук. На крај, додајте зачини: сол, бибер, црвен пипер.

Во чинија ставајте по ред: 500 г пилешко филе обарено во солена вода и оладено; 250 г пченка; ситно сечкан магдонос; 5-6 сечкани кисели краставички; 2 тврдо варени јајце; 1/2 главица виолетов кромид.

Додајте сол и бибер по вкус. Потоа, додајте 150 г мајонез. Соединете го сето тоа и послужете на чинија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот