Фото: ФФМ

ВИДЕО | Одличен старт на квалификациите: Фудбалерите до 21 година славеа на гостувањето во Шведска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година одлично ги започна квалификациите за Европското првенство откако денес ја совладавме фаворизираната Шведска на гости со 0:1.

Човек на одлука беше фудбалерот на дански Сондерјиски, Иван Николов. Се играше седмата минута кога македонскиот фудбалер казни едно грешно додавање во одбраната на Швеѓаните.

 

По лошото додавање топката го удри Николов во телото кој потоа со глава ја смести во мрежата. Ова беше прво коло во квалификациите и одлично е што стартуваме со три бода и тоа против една силна селекција.

Во вторник Македонија на домашен терен го игра натпреварот против Холандија која денес со 2:0 беше подобра од Молдавија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот