Меган Маркл, Кејт Мидлтон - Фото: Икс/ Sky News Australia

ВИДЕО | Драма на социјалните мрежи – обожавателка на Меган Маркл ја нападна Кејт Мидлтон дека ја лажирала болеста

Британската јавност е згрозена по серијата објави на социјалните мрежи од страна на Занди Сасекс, истакната членка на т.н. „одред на Сасекс“ (Sussex Squad), која упати тешки навреди и бизарни теории на заговор на сметка на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон. Целата драма започнала кога Занди се пофали дека купила ВИП карта за претстојниот настан во Сиднеј, каде Меган Маркл ќе се дружи со фановите.

Цената за една фотографија со Меган изнесува вртоглави 3.000 долари, а Занди не ја криеше својата возбуда. Сепак, вниманието на јавноста веднаш се сврте кон нејзините претходни објави во кои сурово ја напаѓа Кејт Мидлтон.

„Лејди Магбет“ и „лажен рак“

Занди Сасекс во повеќе наврати ги нарече Вилијам и Кејт „Вилијам и Лејди Магбет“, алудирајќи на ликовите на Шекспир кои планираат убиство на кралот. Но, она што најмногу ја разгневи јавноста се нејзините тврдења дека дијагнозата на Кејт за рак е чиста измислица.

„Мора да направиле лажно видео за ракот на Лејди Магбет со помош на вештачка интелигенција“, напиша Занди на платформата Икс. Таа дури ја нарече целата ситуација со лекувањето на принцезата „голема измама“, иако Кејт во јануари 2025 година потврди дека болеста е во ремисија по долги и тешки третмани.

Поделена Австралија

Додека британските медиуми го осудуваат ваквото однесување, Занди и нејзините истомисленици се подготвуваат за „кралски пречек“ на Хари и Меган во април. Таа иронично потсети на посетата на кралот Чарлс Трети на Австралија во 2024 година, кога му беше порачано „да се врати од каде што дошол“, тврдејќи дека Сасекси ќе добијат традиционален благослов и топло добредојде.

Овој скандал доаѓа во момент кога односите меѓу двата браќа се на најниско ниво, а теориите на заговор само го продлабочуваат јазот во кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот