ВИДЕО | Oбјавени моментите кога Пакета намерно добивал жолти картони?
Лукас Пакета е новиот фудбалер кој се соочува со обвинувања за обложување. Бразилецот е обвинет дека намерно добивал жолти картони и Фудбалскиот сојуз на Англија отвори постапка против него.
Препорачано
Обвинувањата кон него се сериозни и се пишува дека му се заканува дури и доживотна суспензија за играње во Премиер лигата.
Самиот фудбалер ги демантира обвинувањата.
„Изненаден сум и вознемирен бидејќи ФА одлучи да ме обвини. Девет месеци соработував во секој чекор од нивната истрага и им ги давав сите потребни информации. Ги отфрлувам сите обвинение и ќе се борам со сите силе да ја докажам вистината. Поради процесот кој е во тек нема да давам дополнителни коментари“, изјави Пакета.
Сепак, додека Пакета ги отфрла обвинувањата на социјалните мрежи се појавија моменти во кои наводно тој намерно добивал жолти картони. Бразилскиот фудбалер засега е обвинет за четири натпревари: Против Лестер (12-ти ноември), Астон Вила (12 март), Лидс (21 мај) и Бормут (12-ти август).
Yeah this Paqueta guy is guilty as charged ? pic.twitter.com/2hxr8txWW5
— afc.wallpapers (@afc_wallpaperss) May 23, 2024
Лукас Пакета обвинет за нелегално обложување, под знак прашалник е трансферот во Манчестер сити


