Лукас Пакета обвинет за нелегално обложување, под знак прашалник е трансферот во Манчестер сити
Лукас Пакета, фудбалерот на Вест хем е обвинет од ФА на Англија за нелегално обложување. Комисијата на ФА ги истражува четирите жолти картони кои ги доби во 2022 и 2023 година.
Препорачано
Доколку се докаже дека е виновен, се очекува да биде најстрого казнет. Бразилецот е обвинет за кршење на правилата на Ф3, а трагите од обложувањето водат до островот Пакет, крај брегот на Рио де Жанеиро.
– Крајно сум изненаден и вознемирен што ФА одлучи да ме обвини. Девет месеци соработував со секој чекор од нивната истрага и ги давав информациите што ги имав. Ги отфрлам сите обвинувања во целост и ќе се борам до последен здив да ја исчистам дамката од моето име, поради процесот нема да коментирам повеќе нема да коментирам – рече Пакета на социјалните мрежи.
Играчот ќе биде сослушан од независна комисија, а како што стојат работите, Пакета не е обвинет дека лично ги уплаќал облозите.
Тој има договор со Вест хем до летото 2027 година, се зборуваше за можен трансфер во Манчестер сити за 80 милиони фунти, но по овие наводи тешко е да се поверува дека ќе се случи такво нешто.


