ВИДЕО | Новиот „Матрикс“ ги подели мислењата на публиката: Критиката го „плука“, фановите го бранат

Кијану Ривс/Printscreen/Youtube
Кијану Ривс/Printscreen/Youtube

Долгочекуваното продолжение на сагата „Матрикс“ заврши овој декември 21021 година со објавувањето на „Воскресението на Матрикс“, четврт по ред филм во една од најуспешните филмски франшизи во последниве децении.

Со самото појавување на четвртото продолжение, 18 години по последниот, „Револуцијата на Матрикс“, се случи вистинска лавина од критики, најчесто филмските професионалци и оние кои сентиментално му пријдоа на филмот, додека пак фановите се на другата страна и ревносно го „бранат“ филмот во режија на Лана Вачовски.

Сепак Нео и Тринити, кои ги глумат Кијану Ривс и Кери Ен Мос, го „одржуваат“ зелениот сјај на матриксот во филмот, иако критиките навистина не стивнуваат поради различните толкувања на филмските критичари наспрема публиката.

„Матрикс“ се појави во кината низ светот во време кога технологијата и животот брутално напредуваа, но ниту едно од продолженијата не можеа да го следат автентичниот прв дел.

Критичарите сметаат дека „Воскреснувањето“ е само повторлива секвенца и сеќавање на она што вистинскиот „Матрикс“ всушност е.

Питер Бредшо од „Гардијан“ запиша:

„И покрај некои од генијалните чекори во сценариото, сепак има многу недоследности“.

Коментарите на фановите пак држат „гард“ за ова филмско остварување да биде сепак прифатено како ново продолжение кое одговара на новите дилеми на технологијата денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот