ВИДЕО | Нов трипл-дабл на Јокиќ – во победата на Денвер го прескокна и Оскар Робертстон
Никола Јокиќ зад себе има уште една одлична вечер запишувајќи трипл-дабл во победата над Чикаго од 136-20 со 22 поени, 17 асистенции и 14 скока.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Јокиќ со овој учинок го прескокна Оскар Робертсон и се искачи на второто место на вечната листа на играчи со најмногу трипл-дабли во регуларната сезона.
„Тој е легендарен играч. Секој кошаркар што ќе зачекори во оваа лига знае дека тој е глобална легенда“, изјави Јокиќ за Робертсон, кој во сезоната 1961/62 стана првиот играч во историјата на НБА што во просек бележел трипл-дабл.
Трофејниот центар на Денвер, трикратен МВП на НБА лигата и осумкратен Ол-стар учесник, и самиот остава длабока трага во кошарката. Трипл-даблот против Булс му беше 19-ти сезонава и втор по ред. На вечната листа пред него останува само Расел Вестбрук со 207 трипл-дабли.
РЕЗУЛТАТИ: Сан Антонио – Далас 138-125, Орландо – Јута 120-117, Атлaнта – Шарлот 119-126, Чикаго – Денвер 120-136, ЛА Лејкерс – Голден Стејт 105-99, Феникс – Филаделфија 103-109, Портланд – Мемфис 122-115, Сакраменто – Кливленд 126-132.
ФОТО | Клубот на Јокиќ славеше српски ден со генерал кој ја бомбардирал Србија во 1999 година
Крај на сите надежи: Јокиќ сезонава сигурно нема да биде МВП


