Никола Јокиќ/ Denver Nuggets

ФОТО | Клубот на Јокиќ славеше српски ден со генерал кој ја бомбардирал Србија во 1999 година

Никола Јокиќ се врати на паркетот по повредата што извесен период го држеше надвор од терените и веднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите во НБА-лигата. Камбекот дојде токму на натпреварот посветен на „Српското културно наследство“, кога во салата на Денвер Нагетс во Колорадо се одржуваше и традиционалната свечена програма.

Како и секоја сезона, одредени НБА-клубови организираат вакви тематски вечери (Serbian Heritage Day), но овојпат настанот доби и неочекувана, контроверзна димензија. Во еден момент, на големиот видео-бим во салата се појави американски генерал од НАТО, кој учествувал во бомбардирањето на Србија во 1999 година.

Според реакциите на социјалните мрежи, токму тој бил претставен како „херој на натпреварот“, што предизвика поделени мислења и лавина коментари. Дел од јавноста беше шокирана од изборот, додека други се обидоа да најдат оправдување, но останува нејасно дали станува збор за случајна грешка или намерен потег. Во секој случај, многумина оценија дека ваквиот момент бил најмалку непримерен, особено на вечер посветена на српската култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот