ВИДЕО: Нов шок за Мурињо во Серија А, Милан убедливо против „биковите“ од Торино

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

И во вториот натпревар од новата сезона во најсилното италијанско фудбалско првенство екипата на Рома ги разочара своите навивачи. По стартното дома против Салернитана, овојпат играчите на Жозе Мурињо загубија на гостувањето кај Верона со 2:1.

Дуда уште во четвртата минута донесе предност за домаќините, а истиот фудбалер беше асистент на вториот погодок, стрелец беше Нгонге непосредно пред паузата (45+3`).

Алжирецот Ауар во 56 минута само го ублажи поразот на римската „волчица“. Во 84 минута Верона остана со еден фудбалер помалку поради црвениот картон на Хин, но успеа до крајот на мечот да ја задржи минималната позитива.

Милан како и Верона стигна до втората победа во Серија А, „росонерите“ со 4:1 го надиграа составот на Торино. Пулишиќ во 33 минута беше стрелец на првиот гол за Милан, а само 180 секунди подоцна „биковите“ израмнија преку Шурс.

Пред крајот на првото полувреме за четири минути Милан постигна два гола, најпрвин Жиру беше прецизен од пенал, а потоа во листата на стрелците се запиша Хернандез. Конечниот епилог го постави Жиру во 65 минута, а Французинот повторно беше сигурен од белата точка.

Во саботата се одиграа уште два натпревари, Монца со 2:0 го надигра Емполи, додека Фросиноне со 2:1 ја совлада Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот