ВИДЕО: Нов кикс на Јунајтед, дали Солскјер ја губи трката за титулата?

Фото: EPA-EFE/Nick Potts/POOL

Во 24 коло од Премиер лигата ВБА го изненади Манчестер јунајтед играјќи нерешено со резултат 1:1.

Уште во втората минута Диање после асистенцијата на Галагер ја погодува мрежата на „црвените ѓаволи“ за водство на ВБА од 1:0.

Пред крајот на првото полувреме гостите исто така доаѓаат до реализација, стрелец беше Фернандеш по додавањето на Шо.

Во вториот дел имаше шанси на двете страни, резултатот остана непроменет, но ова реми не им одговара ни на двете екипи, а сигурно тимот на Оле Гунар Солскјер има да жали и овие пропуштени бодови кои може многу да влијаат на конечниот исход на табелата.

Моментно во генералниот пласман води Манчестер сити со 53 бодови, седум повеќе од второпласираните „црвени ѓаволи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот