ВИДЕО | Нов гаф на Бајден: Ги помеша овие две земји па се сети дека згреши

Фото: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по завршувањето на самитот на НАТО во Мадрид денеска повторно направи гаф, погрешно велејќи дека неутралната Швајцарија влегува во НАТО – наместо Шведска.

Американскиот лидер брзо се поправи, шегувајќи се дека мора да е возбуден поради процесот на проширување на Алијансата.

Бајден ги даде своите коментари на крајот од самитот на НАТО во Шпанија, каде одличната вест беше дека Турција ги повлече своите приговори за приклучување на Шведска и Финска во алијансата.

Тој го опиша процесот како двете нации поднесоа барање по инвазијата на Владимир Путин на Украина. Најпрво пристигна покана од лидерот на Финска, со која се побара да ја посети Белата куќа.

„Добивме телефонски повик… Предложи да го повикаме лидерот на Швајцарија…“, рече тој пред да ја сфати својата грешка.

„Швајцарија, Боже мој, јас сум многу возбуден поради проширувањето на НАТО“, додаде Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот