ВИДЕО | Нотингем форест го совлада Челси на гости за три важни бода
Фудбалерите на Нотингем форест денеска беа подобри од Челси во Лондон и славеа со резултат од 3:1, нанесувајќи им го на „сините“ шестиот последователен пораз во Премиер лигата.
Препорачано
Мечот ќе биде запаметен не само по резултатскиот колапс на лондонскиот тим, туку и по четирите сериозни повреди на главата што ги потресоа сите присутни на стадионот.
Гостите поведоа во втората минута преку Тајва Авонији, а во 15 минута Игор Хесус го зголеми водството од пенал. Сепак, најстрашниот момент беше виден на крајот од првото полувреме кога Зак Абот и младиот Џеси Дери се судрија со главите. Играчот на Челси долго време беше во несвест, а медицинските екипи му пружија помош цели 10 минути. Пеналот досуден за домашниот тим не го искористи Палмер, поточно Селс имаше одлична одбрана, па гостите заминаа на полувреме со предност од 2:0.
Во второто полувреме, Авонији го зголеми водството на 3:0 со својот втор гол во 52 минута, а драмата продолжи во 61 минута со уште еден сериозен судир на глави што ги принуди Морган Гибс-Вајт и голманот Роберт Санчез да го напуштат теренот. На крајот, Жоао Педро успеа само да го ублажи поразот на Челси со фантастичен удар со „ножички“. Исто така, вреди да се напомене дека ова е првиот гол на Челси по 575 минути.
Со овој триумф, Нотингем форест направи огромен чекор кон опстанок, додека Челси дефинитивно ги губи шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.


