ВИДЕО: Ништо од „Ел Класико“, Реал испадна во полуфиналето

twitter/Squawka News

По Барселона која вчера по пенал серијата го совлада Реал Сосиедад, втор финалист во шпанскиот Суперкуп е екипата на Атлетик Билбао која спречи ново „Ел Класико“. Баскискиот тим во второто полуфинале славеше со 2:1 против Реал Мадрид и си закажа пресметка со каталонците.

Проблемите за Реел Мадрид започнаа уште на стартот на натпреварот, односно во 18. минута кога Дени Гарсија одлично му асистираше на Раул Гарсија на кого не му беше тешко да го совлада Тибо Куртоа за водство од 1:0.
Реал имаше шанса да израмни во 31. минута, но Марко Асенсио не ја искористи својата шанса и казната стигна седум минути подоцна кога Раул Гарсија го постигна својот втор гол на натпреварот.

Фудбалерите на Реал Мадрид во второто полувреме тргнаа на се или ништо, се редеа шансите пред голот на Билбао но без конечен ефект. Надежите дека може да дојде до пресврт ги донесе Карим Бензема кој во 73. минута намали на 2:1. Десет минути подоцна Бензема постигна уште еден гол, но тој беше поништен поради офсајд, а во финишот добра шанса пропушти и Серхио Рамос, по што стана јасно дека Атлетик Билбао ќе игра во финалето против Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот