ВИДЕО: Никола Јокиќ со рекорд на сезоната блескаше против Вашингтон визардс

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер нагетс/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Кошаркарите на Денвер синоќа во НБА лигата го победија тимот на Вашингтон со 113:104 со уште една одлична партија на српскиот центар Никола Јокиќ.

Јокиќ со 42 поени, 12 скокови и осум асистенции го предводеше актуелниот шампион до 30 победа сезонава. Реализираше 15 од 20 обиди од игра, 12 од 14 од слободните фрлања, а запиша и три блокади.

Кога Јокиќ ги постигна последните слободни фрлања на натпреварот, навивачите на Вашингтон кои останаа во салата почнаа да скандираат „МВП, МВП“.

– Тоа е уникатно. Тоа не се случува многу често и мислам дека само така го препознаваат тоа што го направил – еве еден човек кој беше два пати МВП на лигата и кој на тимот му го донесе првиот шампионски прстен, а исто така беше и МВП во финалето рече тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун.

Јокиќ најдобро го следеа Џамал ​​Мареј и Мајкл Портер со по 19 поени, а Арон Гордон додаде 11 поени и 10 скокови. Во тимот на Вашингтон, кој го претрпе четвртиот пораз во низа, најдобар играч беше Кајл Кузма со 17 поени, додека Тајус Џонс имаше 15 поени и 13 асистенции.

НБА лига, резултати

Орландо – Мајами 105:87
Вашингтон – Денвер 104:113
Хјустон – Бостон 107:116
Феникс – Индијана 117:110
ЛА Лејкерс – Портланд 134:110

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот