ВИДЕО: Никола Јокиќ со историски „трипл-дабл“ против Вашингтон визардс

фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Се најавуваше дека ноќта меѓу четврток и петок во НБА кошаркарската лига ќе биде историска за Никола Јокиќ, но тој се обиде да собори повеќе од еден рекорд против Вашингтон.

Српскиот центар во дресот на Денвер нагетс имаше можност да направи подвиг против Визардс што претходно им успеа само на Расел Вестбрук и Леброн Џејмс. Тимот од главниот град е единствениот против кој Јокиќ не успеа да оствари „трипл-дабл“ учинок во НБА, а сега тоа го поправи.

Со 21 поен, 19 скокови и 15 асистенции го предводеше својот тим до победата (130:110), но не застана тука. Беше без промашување од поле (10/10) и со тоа стана првиот кошаркар кој имаше 20+ поени, 15+ скокови и 15+ асистенции со 100 отсто шут од поле.

Тоа беше негов четврти „трипл-дабл“ во кариерата без промашување од поле, соборувајќи го рекордот што претходно го делеше со Вилт Чембрлен. Во последните 40 години, само Дрејмонд Грин (2) има повеќе од една таква партија.

Чембрлен сè уште го држи рекордот по број на поени во „трипл-дабл“ без промашување – 42.

НБА лига, резултати

Кливленд – Орландо 109:116
Индијана – Детроит 129:115
Филаделфија – Њујорк 96:110
Торонто – Бруклин 121:93
Далас – Феникс 123:113
Чикаго – Бостон 112:129
Њу Орлеанс – Хјустон 127:105
Оклахома – ЛА Клиперс 129:107
Денвер – Вашингтон 130:110
Јута – Шарлот 107:115
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 128:110
Сакраменто – Сан Антонио 127:122

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот