ВИДЕО: Никола Јокиќ го запиша 120 „трипл-дабл“ во кариерата

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Денвер го победија тимот на Портланд со резултат 120:108 во НБА лигата, благодарение на одличната партија на српскиот центар Никола Јокиќ, кој го забележа јубилејниот 120-ти „трипл-дабл“ учинок во кариерата, а 15-ти оваа сезона.

По поразот од Оклахома во претходниот натпревар, кој Јокиќ го пропушти поради повреда на грбот, Нагетси се вратија на победничкиот колосек со триумф над еден од најлошите тимови во Западната конференција.

Јокиќ на дуелот против Трејлблејзерс забележа 27 поени, 12 асистенции и 22 скокови.

Уште од крајот на шеесетите и почетокот на седумдесетите години и легендарниот Вилт Чембрлен, никој до појавувањето на Никола Јокиќ, никој не забележал шест натпревари со учинок од најмалку 20 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Покрај Јокиќ, во тимот на Денвер се истакна Арон Гордон со 18 поени, а за Портланд прв стрелец беше Скот Хендерсон со 30 поени.

НБА лига, резултати:

Детроит – ЛА Клиперс 125:136
Вашингтон – Мајами 102:110
Атланта – Феникс 129:120
Индијана – Сакраменто 122:13
Хјустон – Торонто 135:106
Мемфис – Голден Стејт 101:121
Минесота – Орландо 106:108
Оклахома – Шарлот 126:106
Сан Антонио – Њу Орлеанс 113:114
Денвер – Портланд 120:108

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот