ВИДЕО: Никола Јокиќ го надмина и Чарлс Баркли, пред него е само легендарниот Вилт Чембрлен

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер нагетс/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Kошаркарите на Денвер со 125:114 на домашен терен во „Бол Арена“ го совладаа Далас на стартот од новото натпреварување, НБА купот, во рамките од групата „Б“.

НБА купот е натпреварување во кое екипите се поделени во групи и секој ќе одигра по четири натпревари, два како домаќин и два како гостин. Термините се вторник и петок. Крајот на групната фаза е на 28 ноември.

Повторно кај Нагетси доминираше Никола Јокиќ, српскиот центар беше најефикасен со 33 поени, 14 скокови и девет скокови. На спротивната страна за Маверикси Лука Дончиќ блескаше со 34 поени, 10 скокови и осум асистенции.

Јокиќ продолжува да испишува историја и запишува нови рекорди во најдобрата кошаркарска лига на светот. Тој е вториот во историјата на НБА по бројот на мечеви со учинок од минимум 30 поени, 10 скокови и 85% шут што му успеа по седми пат во кариерата и само Вилт Чембрлен е пред него со 12 такви мечеви, додека Чарлс Баркли останува зад него.

Србинот стана првиот играч во историјата на Денвер кој ја започнал сезоната со шест натпревари по ред во кои имаше 20+ поени и 10+ скокови. Тој е и прв во НБА по Џоел Ембид, кој имаше таков ефект во 2018 година.

Потсетуваме, на отворањето на сезоната против Лејкерс, Јокиќ имаше 29 поени и 13 скока, потоа против Мемфис имаше 22 поени и 12 скока, против Оклахома 28 поени и 14 скока, против Јута постигна 27 поени и фати 10 топки, а против Минесота имаше 25 поени и 10 скока.

НБА Куп, резултати

Индијана – Кливленд 121:116
Милвоки – Њујорк 110:105
Чикаго – Бруклин 107:109
Мајами – Вашингтон 121:114
Оклахома Сити – Голден Стејт 139:141
Денвер – Далас 125:114
Портланд – Мемфис 115:113, 102:102 (по 1. продолжение)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот