ВИДЕО | Неверојатно брз трипл-дабл на Јокиќ за триумф над Феникс санс
Кошаркарите на Денвер нагетс ги победија Феникс санс со 125:123 и ја остварија својата 45. победа оваа сезона во НБА лигата.
Препорачано
Играчот на Денвер, Никола Јокиќ доминираше во натпреварот, завршувајќи со трипл-дабл учинок од 23 поени, 17 скока и 17 асистенции, а воедно ги постигна и победничките поени за својот тим.
Тој забележа трипл-дабл за 17 минути и 41 секунда на паркетот (официјално објавено само 11 секунди по почетокот на второто полувреме), што е петти најбрз досега во НБА.
Ова беше 193. трипл-дабл за српскиот центар, втор на листата на сите времиња. Само Расел Вестбрук е пред него со 209 трипл-дабл ефекти.
Во самиот финиш од мечот, по минутата одмор, Денвер одигра за Јокиќ, кој лесно погоди шут од неколку метри и го донесе својот тим до победата на 11 секунди до крајот. На спротивната страна Букер промаши тројка во последниот напад, а веднаш потоа непрецизен беше и О’Нил.
Покрај Јокиќ, Мареј постигна 21 поен. Хардавеј додаде 18, а Гордон имаше 16. Букер го предводеше Феникс со 22 поени, додека Ален и Грин постигнаа по еден поен помалку.
Во Западната конференција, Денвер е на четвртото место (45-28), додека Феникс е на седмата позиција (40-33).
НБА лига, резултати:
Шарлот – Сакраменто 134:90
Њујорк – Њу Орлеанс 121:116
Кливленд – Орландо 136:131
Феникс – Денвер 123:125
Nikola Jokic notched his 29th triple-double of the season, along with this game winner 🃏
23 points
17 rebounds
17 assists
9/16 FGpic.twitter.com/tecgH44IRe— Eurohoops (@Eurohoopsnet) March 25, 2026


