ВИДЕО: Несторовски со асистенција, Удинезе им се врати на победите

Фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Денеска во рамките од 31 коло во најсилното италијанско првенство составот на Удинезе славеше на гостувањето кај Кротоне со резултат 1:2.

Илија Несторовски беше стартер за екипата од Удине, во 41 минута беше во шанса да постигне гол, неговиот удар беше одбранет, одбиената топка повторно дојде до нашиот играч кој асистираше до Де Пол, а Аргентинецот успеа да донесе водство.

Во 68 минута се случи израмнувањето, од пенал прецизен беше нигерискиот интернационалец Нванкво. 120 секунди подоцна македонскиот репрезентативец ја напушти играта, а на негово место влезе Форестиери.

Херој на Удинезе беше Де Пол кој и по вторпат се запиша во листата на стрелците (74`) за поставување на конечниот епилог, а истиот играч доби и црвен картон во самиот финиш од средбата (90+1`).

На табелата тимот на Готи откако ја прекина серијата од три порази по ред, се наоѓа на 11 место со 36 бодови, додека Кротоне останува последнопласиран со 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот