ВИДЕО: Неспортски потег во Италија, тренер суспендиран на четири натпревари!

фото: принтскрин/youtube

Поранешниот учесник во Серија А, екипата на Катанија, сега настапува во третата италијанска фудбалска лига, односно Серија Ц.

На домашен терен успеаја да го совлада составот на Вибонезе со конечен резултат 2:1.

А мечот го обележа тренерот на Катанија, Џузепе Рафаеле со еден неспортски потег.

Гостинските играчи бркаа бод и кога тргнаа во контра, истата изненадувачки беше спречена од Рафаеле.

Веднаш бурно реагираа од Вибонезе, без размислување главниот судија му покажа црвен картон, а воедно е и суспендиран на четири натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот