ВИДЕО | Немања Бјелица објави крај на кариерата

Фото: EPA-EFE/MADE NAGI

По 20 години голема кариера, Немања Бјелица одлучи да стави точка.

На социјалните мрежи Бјелица објави видео со кое и потврди дека става крај на кариерата. Тој објави снимка од неговите омилени потези низ кариерата.

„Дваесет години. Ти благодарам, кошарко“, стои во описот на видеото објавено од Бјелица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Bjelica (@nemanjabjelica8)

Во младинските категории Бјелица настапуваше за Партизан и Суперфунд. Сениорската кариера ја помина играјќи за: Трајскрихен Лајонс, Црвена Звезда, Басконија, Фенербахче, Минесота, Сакраменто, Мајами, Голден Стејт и Фенербахче.

Од 2009 година го носеше дресот на репрезентацијата на Србија, таа година освои и сребро на Европското првенство. Исто така до сребрен медал стигна и на Светското првенство во 2014 година во Шпанија.

Со Голден Стејт во 2022 година го освои шампионскиот прстен во НБА. Во 2015 година беше МВРП на Евролигата и го освои првенството и Купот на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот