Фото: EPA/ALLISON DINNER

ВИДЕО | Не можеше сам: Дабл-дабл на Дончиќ во убедливиот пораз на Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс доживеаја убедлив пораз пред својата публика, откако Детроит славеше со 128-106, и покрај одличното издание на Лука Дончиќ. Словенечкиот кошаркар беше првото име на натпреварот, но изостана посериозна поддршка од соиграчите.

Домашниот тим се држеше резултатски до почетокот на последната четвртина, но тогаш целосно потфрли. Во решавачките 12 минути Лејкерс постигнаа само 18 поени, наспроти 32 на гостите, што доведе до убедлив пораз од 22 разлика.

Дончиќ мечот го заврши со 30 поени и 11 асистенции, додека зад него најефикасен кај Лејкерс беше Леброн Џејмс со 17 поени. Хајс додаде 13. Во редовите на Детроит се истакна Канингем со 27 поени.

Резултати:

Мемфис – Филаделфија 136-139
Јута – Бостон 119-129
ЛА Лејкерс – Детроит 106-128
ЛА Клиперс – Сакраменто 131-90

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот