Фото: Screenshot

ВИДЕО | Навивачите на Осасуна направиле хаос – се степале со полицијата по победата над Реал Мадрид

Фудбалерите на Осасуна приредија вистински изненадување откако вчера со 2-1 го совладаа Реал Мадрид на „Ел Садар“, но наместо за големиот триумф на домашните, Шпанија денеска повеќе зборува за немилите сцени по натпреварот.

Радоста по историскиот триумф брзо беше засенета од сериозни инциденти меѓу навивачите и полицијата, кои ескалираа веднаш по последниот судиски свиреж.

Тензиите, според шпанските медиуми, почнале уште за време на мечот. Од јужната трибина било фрлено шише кон голманот на мадриѓаните, Тибо Куртоа. Белгиецот мирно го зел предметот и му го предал на главниот судија, по што преку разглас било испратено последно предупредување до публиката.

Но, вистинскиот хаос настанал по крајот на средбата. Обезбедувањето се обидело да го идентификува и отстрани навивачот кој го гаѓал Куртоа, што предизвикало бурна реакција кај дел од домашните фанови. Ситуацијата експресно ескалирала во физичка пресметка, по што морала да интервенира и Националната полиција.

ВИДЕО | Реал Мадрид поразен од Осасуна во Памплона, на потег е Барселона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот