Фото: EPA/JESUS DIGES

ВИДЕО | Реал Мадрид поразен од Осасуна во Памплона, на потег е Барселона

Фудбалерите на Осасуна денеска изненадувачки го победија Реал Мадрид со 2:1 на стадионот во Памплона во натпреварот од 25 коло во Ла Лига.

Мадридскиот тим го презеде првото место по изминатото коло, но сега направи кикс во трката за титулата, па во моментов води со два бода пред Барселона, која може да се врати на врвот доколку го совлада Леванте в недела.

Иако Реал ја имаше иницијативата на теренот во првото полувреме, Осасуна беше поконкретна. Анте Будимир ја погоди стативата во 27 минута, а во 38-та беше соборен од Тибо Куртоа во шеснаесетникот. По прегледувањето на видеото, судијата Кинтеро досуди пенал, кој Хрватот сигурно го реализираше за 1:0.

Реал продолжи да напаѓа, но Осасуна се спротивстави, а потоа следеше брилијантна акција на Федерико Валверде во 72 минута. Тој помина покрај четири играчи на Осасуна и асистираше до Винисиус, кој го израмни резултатот на 1:1. Офанзивата на Реал потоа беше очекувана, но тие не покажаа сила целосно да го свртат натпреварот.

Во финишот следуваше голема радост кај домаќините, Раул Гарсија постигна одличен гол во 90 минута за триумф. Имаше неколку минути неизвесност, но ВАР собата донесе конечна одлука – голот беше признат бидејќи немаше офсајд, како што сигнализираше помошникот судија.

Осасуна која го запиша деветтиот пораз сезонава се наоѓа на деветтото место со 33 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот