Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

ВИДЕО | Натпревар за паметење: Зубац испиша историја во НБА

Хрватот Ивица Зубац го одигра најдобриот натпревар во неговата кариера со кој влезе во историјата со учинок со кој можат да се пофалат само најголемите центри во историјата на најсилната кошаркарска лигса.

Клиперси славеа над Индијана, а Зубац постигна 31 поен, додавајќи уште неверојатни 29 скока, три асистенци и блокади. Перфктен беше од линијата за слободни фрлања каде што имаше 100% ефект. Со овој настап тој постави рекорд по бројот на скокови, дефанзивни (17), офанзивни (12), а поентерски заостануваше само еден поен од неговиот рекорд.

Иако, секако настапот беше фантастичен може да жали што остана на само еден скок од 30+ поени и 30+ скока што во НБА се случило само 25 години во историјата долга 76 години.

За истакнување е од изминатата вечер е победата на Милвоки над Далас и Лука Дончиќ. Јанис Антетокумпо уфрли 30 поени во победата на Бакс, додека Дончиќ го заврши натпреварот со 27 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:
Л.A Клиперс – Индијана 114:100
Атланта – Мајами 98:106
Бостон – Вашингтон 130:121
Детроит – Кливленд 94:102
Њујорк – Мемфис 123:127
Орландо – Филаделфија 103:133
Милвоки – Далас 124:115
Минесота – Голден Стејт 114:137
Бруклин – Портланд 111:9

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот