ВИДЕО: Нападнати навивачи на Левски Софија во Скопје

фото: принтскрин/твитер

Од 21.00 часот ќе се игра првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија.

УЕФА овој фудбалски натпревар го просласи за меч од висок ризик па се преземаат сите мерки и активности од МВР за гарантирање на редот и мирот.

Големо полициско обезбедување има во и надвор од Националната арена „Тодор Проески“.

Голема тензија ги одбележаа часовите пред стартот на натпреварот две бугарски возила биле нападнати кај Чаирчанка на Цветан Димов.

Според бугарските медиуми, се појавија информации и за избоден бугарски навивач, но нема официјална потврда. Воедно пред Северната трибина каде се поставени фановите на Левски, приведени се две лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот