Фото: Принтскрин / Фејсбук

ВИДЕО | „Најубавата песна од детството“: Мартин и Стефан од „Некст тајм“ запеаја за малата Лиана

Браќата Стефан и Мартин Филиповски од дуото „Некс тајм“ ги разнежнија своите обожаватели со нивната последна објава на социјалните мрежи.

Во видеото кое го споделија на официјалниот профил на групата, двајцата музичари направија акустична изведба на една од најубавите песни – „Во светот на бајките“, која го обележа детството на многу македонски генерации.

Нивниот „настап“, снимен во домашна атмосфера, беше резервиран само за Лиана, ќерката на Мартин и неговата сопруга Андреа Белеска, и внука на Стефан. Додека тие свиреа и пееја, малата Лиана уживаше во звуците на детската песна.

„Најубавата песна од детството“, напишаа од „Некст тајм“ покрај видеото кое разбуди многу убави сеќавања кај дел од нивните обожаватели.

 

ФОТО | Стефан од „Некст Тајм“ се ожени со убавата белграѓанка Тинеа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот