Стефан Филиповски и Тинеа се венчаа / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Стефан од „Некст Тајм“ се ожени со убавата белграѓанка Тинеа

Една година по свршувачката, Стефан Филиповски, од музичкото дуо „Некст Тајм“, вчера се ожени со својата долгогодишна девојка Тинеа од Белград. Стефан и Тинеa го изговорија судбоносното „да“ на црковна церемонија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

По венчавката во Соборниот храм, која се одвиваше во интимен круг од семејството и најблиските пријатели, младоженците имаа свадбена прослава.

Тинеа носела елегантна венчаница со корсет украсена со делови од тантела, додека Стефан се одлучил за црн костум (смокинг) и вратоврска т. н. пеперутка, а си го задржал својот заштитен знак и ја врзал косата во опавче.

Среќниот момент го споделија и неговиот брат-близнак Мартин Филиповски, како и сопругата на Мартин – Андреа, кои на социјалните мрежи објавија фотографии од свадбената церемонија.

Стефан Филиповски се венча со Тинеа / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Тинеа и Стефан веќе неколку години се во врска, а сега ја крунисаа својата љубов со брак. Кај браќата од дуото „Некст тајм“, Мартин и Стефан, љубовта на далечина се покажа како најсилна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот