ВИДЕО | Најстарата калуѓерка во светот го прослави 113. роденден на Лонг Ајленд
Родена во 1913 година, сестра Франсис Доминичи Пискатела е најстарата калуѓерка во светот, според Гинисовата книга на рекорди. А, во неделата таа го прослави својот 113-ти роденден, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
– Се откажав од броењето на моите години – рекла Пискатела.
Пискатела се приклучила на редот на сестрите на Свети Доминик во Амитвил во 1931 година на 17-годишна возраст.
– Бев учителка и сестра од Доминиканската црква, морав да им покажам дека фактот што имав половина рака не можеше на никаков начин да ме спречи, немаше ништо што не можев да го направам, а што можеше да го направи човек со две раце – раскажала Пискатела.
Несреќа во нејзиното детство ја довело до ампутирање на дел од раката, но таа била решена да успее како калуѓерка. Таа не само што останала во чекор со сестрите, туку продолжила да учи безброј други.
Сестра Пискатела поминала девет децении служејќи на црквата, таа предавала на средношколци и била професорка на колеџот Молој 52 години.
– Таа е многу мила, има многу одлични животни совети – рекла нејзината пра-пра-внука Алекса Гримли.
Во неделата, нејзиното семејство ѝ организираше голема роденденска забава за да го прослави овој јубилеј.
– Многу е љубезно од сите што дојдоа и го направија овој прекрасен ден – рекла Пискатела.
На забавата ѝ беше даден проглас од папата Лео, кој е десеттиот папа што служи во животот на Пискатела.
Таа вели дека верата, семејството и среќата ѝ дале прекрасен живот.


