ВИДЕО | Најмалку 25 мртви во пожарот што уништи две згради во Калкута
Најмалку 25 лица загинаа во пожар во две згради во североисточниот индиски град Калкута, соопштија денес локалните власти, додека продолжуваат пребарувањата за пронаоѓање на околу 20 исчезнати лица, пренесува Тајмс оф Индиа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Пожарот вчера уништи згради на компанија за декорација и ресторан за брза храна, изјави за АФП Суџит Босе, владин министер во државата Западен Бенгал одговорен за противпожарната служба.
View this post on Instagram
„Пожарот избувна рано наутро и ги изненади оние што спиеја во зградата, пред брзо да се прошири на друга зграда“, рече тој.
Бројот на жртви останува привремен, рече Босе, бидејќи семејствата на 27 лица и денес немаат никакви вести за судбината на нивните најблиски.
Шефот на локалните служби за итни случаи, Ранвир Кумар, рече дека зградите што беа уништени ја немале целосната безбедносна опрема што ја бара законот.
Пожарите во Индија се чести, поради лошата состојба на инфраструктурата и слабото почитување на правилата за безбедност на зградите и евакуација.
На почетокот на јануари, ноќен клуб во крајбрежниот град Гоа (запад) беше запален, при што загинаа 25 лица.


